top of page

КРАЛСКИ ВИНСКИ БАЛ
винска приказна за совршени вкусови

ИНФО ПАКЕТ

Драги пријатели,

Доживејте го кралскиот вкус на виното на првиот меѓународен фестивал на виното во Демир Капија! Овој уникатен настан што се одржува на 14 и 15 октомври 2023 година нуди инфо пакет со насоки, изложбен дел, натпревари и многу повеќе.

​Фестивалот „Кралски вински бал - Демир Капија“, врвно винско искуство.

ЦЕЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ

Примарна цел за одржување на меѓународниот вински фестивал „Кралски вински бал - Демир Капија 2023“, е промоција и зголемување на видливоста и препознатливоста на македонското вино и туристички потенцијали, на глобалната винска и туристичка мапа.

 

Една од главните цели е и градење на балкански вински мозаик, односно создавање на БАЛКАНСКО СЕМЕЈСТВО НА ВИНАРИ и промоција на винските и туристичките потенцијали на балканските винарии и туристички субјекти, да се створат услови за нивна меѓусобна соработка, размена на искуства и заедничко учество на важни меѓународни саеми на вино и туризам, заеднички настап на големите вински пазари во Европа и во светот, а сето тоа во интерес и во полза на сите.

ЗОШТО ДА БИДЕТЕ УЧЕСНИЦИ НА ФЕСТИВАЛОТ?

1.  На фестивалот се поканети винарии од сите балкански држави, што Ви дава можност да остварите средби, да размените позитивни искуства и воспоставите соработка.

2.  Винскиот фестивал е од продажен карактер.

Можност да ги промовирате и понудите Вашите вина и услуги, на голем број на туристи од Македонија, Балканот и пошироко.

3.  На фестивалот се поканети специјализирани медиуми за храна и вино од регионот и Европа.

4.  На фестивалот се поканети претставници на тур-оператори и туристички агенции од Северна Македонија и регионот.

5.  Стручен тим составен од искусни сомелиери од Балканот (Северна Македонија, Србија, Грција, Хрватска и Бугарија), ќе ги оценуваат и ќе ги прогласат најдобрите вина од Балканот, во повеќе категории, кои ќе бидат наградени.

6.  По одржувањето на фестивалот, Кралски Вински Бал продолжува со своите активности на изградба на квалитетна и сеопфатна деловна соработка со своите партнери-винарии и туристички субјекти (во текот на сите 365 дена во годината) на своја промоција и на промоција на нашите партнери (испраќање на препораки до потенцијални партнери и купувачи, на нивните e-mail адреси), на глобалниот вински и туристички пазар, ќе работиме на организација на туристички тури за посета на партнерските винарии, на организација за учество на битни саеми на вино и туризам во Република Северна Македонија и надвор од неа (на заеднички штанд, со што максимално ќе ги намалиме трошоците за учество), и многу други активности, важни за наша и Ваша промоција и зголемување на видливоста на винската и туристичката мапа на Балканот и во светот.

КАДЕ СЕ НАОЃА
ДЕМИР КАПИЈА?

Демир Капија е мало, симпатично гратче во јужниот дел на Република Северна Македонија, на 112 км јужно од Скопје и 112 км северно од Солун. Низ градот поминува железничката линија Скопје - Солун и автопатот Е-75 од Коридорот 10. Освен природните убавини, Демир Капија располага со извонредни стопански и туристички потенцијали. Особено се издвојува винската приказна, градена и негувана низ вековите.

Лоцирана во Европа
(Република Северна Македонија)

Лоцирана во
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

КАКО ДА СТИГНЕТЕ ВО ДЕМИР КАПИЈА ЗА ФЕСТИВАЛОТ КВБ?

Со воз

СКОПЈЕ - ГЕВГЕЛИЈА

Поаѓање од Скопје:

06:23 / 16:55

Пристигнување во Демир Капија:

08:31 / 18:56

Пристигнување во Гевгелија:

09:11 / 19:38

ГЕВГЕЛИЈА - СКОПЈЕ

Поаѓање од Гевгелија:

04:40 / 16:55

Пристигнување во Демир Капија:

05:21 / 17:35

Пристигнување во Скопје:

07:19 / 19:31

Со автобус

СКОПЈЕ - ДЕМИР КАПИЈА

Поаѓање од Скопје:

08:30 / 15:00 / 16:25 / 17:30

ДЕМИР КАПИЈА - СКОПЈЕ

Поаѓање од Демир Капија:

07:15 / 10:30 / 14:00 / 15:06

СКОПЈЕ - НЕГОТИНО

Поаѓање од Скопје:

08:30 / 10:00 / 11:00 / 12:00 /

13:00 / 14:00 / 15:00 / 18:30 / 19:30

НЕГОТИНО - СКОПЈЕ

Поаѓање од Неготино:

06:30 / 07:20 / 08:00 / 08:20 /

09:45 / 14:15

НЕГОТИНО - ДЕМИР КАПИЈА

Поаѓање од Неготино:

05:50 / 07:00 / 09:30 / 14:00 /

15:05 / 17:20 / 18:45

ДЕМИР КАПИЈА - НЕГОТИНО

Поаѓање од Демир Капија:

05:30 / 06:30 / 07:30 / 13:30 /

14:30 / 16:30 / 18:20

Со автомобил

Демир Капија е погодно лоциран на 110 км од двата аеродроми во Скопје и Тесалоники, а е достапен и со автомобил преку автопатот Е-75. За да стигнете до Демир Капија, едноставно следете го автопатот додека не стигнете до излезот од Демир Капија, кој е јасно означен.

Откако ќе стигнете во градот, лесно ќе можете да ги најдете означените насоки до фестивалот.

ГЛАВНАТА ЛОКАЦИЈА
ГРАДСКИ ПЛОШТАД ДЕМИР КАПИЈА

(КРАЛСКИ ВИНСКИ ГРАД)

Royal Wine Town

ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ФЕСТИВАЛОТ?

  • Kвалитетни македонски и балкански вина и специјалитети на незаменливата демиркаписка и македонска кујна

  • Одлично спакуван, богат пакет на интересни содржини за сите возрасти и за сечиј вкус:

  • Културно - уметничка програма

  • Крал и Кралица на фестивалот

  • Избор на винска убавица

  • Маскота на фестивалот

  • Натпреварувачки дисциплини и многу награди

  • Богата лотарија 

  • ... и уште многу други изненадувања и содржини кои ќе допринесат да престојот на сите учесници и гости на винскиот фестивал биде врвно задоволство

ФЕСТИВАЛСКА ПРОГРАМА

14.10.2023​

10:00

Отварање на портите на КРАЛСКИ ВИНСКИ ГРАД


11:00

Свечено отварање на фестивалот
- Пристигнување на кралот и кралицата во Кралскиот вински град
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Демир Капија
- Обраќање на кралот на фестивалот до учесниците и гостите


12:00 – 19:00

Целодневен настап на АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА
- Традиционални игри и ора
- Староградски песни
- Дефиле со носии / Изложба на носии
- Фотографирање со кралот и кралицата на  фестивалот


14:00 – 17:00

Натпревари во неколку натпреварувачки дисциплини.

Прогласување на победниците и доделување на наградите


19:00

Прогласување на најдобрите вина на фестивалот и доделување на наградите

19:30

Настап на групата ЉУБОЈНА 


21:30

Свечено затварање на фестивалот со КРАЛСКИ БАЛ со присутните

Image by John Murzaku

Наши поддржувачи

bottom of page