ЧПП
Често поставувани прашања
Ви стоиме на располагање да одговориме на вашите прашања во секое време.
1
Каде се одржува фестивалот?
Фестивалот „Кралски вински бал - Демир Капија“ се одржува во Демир Капија, на градскиот плоштад што го нарековме Кралски Вински Град, специјално формиран за овој фестивал.
Демир Капија е мал град кој се наоѓа во југоисточниот дел на Република Северна Македонија, а Градскиот плоштад е центар на животот во Демир Капија каде се одржуваат сите главни случувања. Од локални маркети до кафулиња и ресторани, овде владее постојана енергична атмосфера.
2
Колку чини влез на фестивалот?
Влезот на фестивалот е бесплатен.
3
Како може да станам волонтер на фестивалот?
Може да станете волонтер со пополнување на регистрационата форма објавена во делот КВБ Настан - Регистрација.
4
Како можеме да станеме ваши спонзори?
Можете да не контактирате преку е-маил или преку телефон каде ќе дискутираме за сите детали и начини за учество на фестивалот.