ДК НАСТАНИ
Демир Капија е позната по своите живописни прослави и популарни настани во текот на целата година. Постојат различни свечености кои се протегаат низ различни жанрови на спортски, културни настани и традиционални прослави. Секоја година градот организира многу настани преку кои секој има можност да се запознае со Демир Капија на различни начини.
Доколку барате навистина незаборавно искуство, посетата на Демир Капија мора да биде на вашата листа. Со изобилство на настани и активности, сигурно ќе си поминете фантастично.
ДЕМИР КАПИЈА ОПЕН
Демир Капија опен - кајак на диви води - слалом се одржува секоја година на 28 и 29 август во организација на ККК „Просек“ и општина Демир Капија.
На овој отворен куп учествуваат кајакари од Северна Македонија и од соседните земји, а најдобрите кајакари се наградуваат.
КАЧУВАЧКИ МАРАТОН
ДЕМИР КАПИЈА
Качувачкиот маратон во Демир Капија се одржува на почетокот на октомври во качувачкиот локалитет на Демиркаписката Клисура. Натпреварите се распоредени на повеќе од 400 насоки и се поделени во две категории, во зависност од тежината на насоките за искачување. Качувањето е во парови, а најдобрите качувачи добиваат награди.
НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА
„СВ. ТРИФУН“ ДЕМИР КАПИЈА
Манифестацијата „Недела на традицијата Св.Трифун - Демир Капија“ го слави празникот на лозарите Свети Трифун и се одржува традиционално секоја година на 14ти февруари.
Програмата трае неколку дена до главниот настан на 14ти февруари и е исполнета со најразлични содржини како натпревари за кроење на винова лоза, натпревари во најдобро домашно вино и ракија, театарски претстави, културно-уметнички дел и сл.
ДЕМИРКАПИСКИ ПАНАЃУР
ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА
On the 28th of August every year, the traditional Demir Kapija Fair dedicated to the religious holiday of the Great Holy Mother is held. The fair is visited by a large number of guests from several cities of our country.
In the days before, a traditional mini-football tournament is held where the best teams are rewarded.
Guests also use their free time to visit the Wine Museum, Wine Cellars, Demir Kapija Gorge and other sights of Demir Kapija.
ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО
НА ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
7ми ноември е денот кога се слави Ослободувањето на Општина Демир Капија.
Овој ден традиционално секоја година се одбележува со положување на свежо цвеќе на спомениците посветени на загинатите борци во НОБ, одржување свечена седница, доделување награди и признанија „7-ми Ноември“, културно-уметнички дел, одржување ликовна изложба и сл.
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
„БЕЗ РАМКА“
За прв пат минатата 2022 година, од 28 јули до 5 август, во Демир Капија се одржа првиот Меѓународен театарски фестивал „Без рамка“, кој има за цел да стане традиционален.
Во 8-те претстави учествуваат актери од повеќе балкански земји, а салата е преполна со гости од повеќе градови во земјава. Фестивалот е во организација на Домот на културата „Мирка Гинова“ Демир Капија, аматерскиот театар и Општина Демир Капија.
МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ОТВОРЕНО "САКАМ ПРОМАЈА"
Меѓународниот фестивал на отворено „Сакам Промаја“ традиционално се одржува третиот викенд од мај. Овој фестивал ги обединува сите спортови на територијата на Општина Демир Капија, како што се качување по карпи, кајак и рафтинг, планинарење, параглајдерство, детски активности и сл. Бројни спортисти, спортски клубови и федерации, како и љубители на природата, авантурата и добрата забава учествуваат во него.