top of page

ОПШТИНА
ДЕМИР КАПИЈА

Grb na DK.png

Лазар Петров

Градоначалник на Општина Демир Капија

  • Facebook

Изразуваме особена благодарност до градоначалникот на општина Демир Капија, г-дин Лазар Петров, кој ја поддржува нашата приказна и соработува со нас за успешна реализација на фестивалот. Човек роден во Демир Капија и од срце прави се за доброто на овој град.

 

Со долгогодишно искуство во областа на винската индустрија, позитивно ја прими нашата идеја за организирање на првиот меѓународен вински фестивал во Демир Капија и заедно ќе успееме да го подобриме винскиот туризам и да понудиме одличен нов туристички производ.

Демир Капија е мал град во Република Северна Македонија кој е полн со историја, култура и природни убавини. Сместена близу Демиркаписката Клисура, областа е позната по Долината на кактусите, Топлите Вирови и многу спортски и адреналински активности.

Место со кралска величественост, Демир Капија им нуди на посетителите различни можности да истражуваат и да уживаат во нејзината убавина. Со можноста за развој на секаков вид туризам, градот е дом и на еден од првите музеи на вино во Европа.

Дојдете и истражете ја убавината на Демир Капија и искусете уникатно винско патување.

Интересни факти за Демир Капија

Турски назив

Ime 2.png

Демир Капија значи

Железна Порта

Повеќе од 200 видови

на дрвја и растенија

Црниот орев и Јаворот се најпознати, некои се постари од 500 години. Има два локалитети прогласени за Споменици на природата

Повеќе од 100

археолошки наоѓалишта

... и повеќе што допрва треба да бидат откриени

10 прекрасни водопади

Највисокиот е 35 м

Pestera bela.png

13 пештери

„Бела Вода“ е една од најдолгите во Северна Македонија

Демиркаписка Клисура

19 км долга, прогласена за Споменик на културата, има повеќе од 400 насоки за качување

Музеј на виното

Еден од првите од ваков вид

во Европа

Долина на кактусите

Уникатна долина полна со природно никнати кактуси

Orel 4.png

219 видови на птици

Најбогатиот регион во Европа со видови на ретки птици, 8 од нив се светски загрозени видови

Природна климатска граница

Демиркаписката Клисура е природна граница помеѓу две клими - Континенталната и Медитеранската

Топли вирови

Околу 14 природни базени формирани од карпи, одлични за пливање во лето

Германски тунел

од Првата Светска Војна

Изграден во 1916 од германски војници за само 2 месеци

Контактирајте ја Општината

Адреса

ул. Маршал Тиро, бр. 15Б

1442 Демир Капија, Република Северна Македонија

Телефон

+389 (0)43 366 212 

Email 

Следете ја

  • Facebook
  • Youtube

Веб-страна

Image by John Murzaku

Наши поддржувачи

bottom of page