top of page

Кралски Вински Бал

Демир Капија

  • Facebook
  • Instagram
  • LinkedIn
  • Youtube

Добредојдовте во нашата винска
приказна

Почитувани пријатели, 

Задоволство ни е што ве имаме овде.

Ве молиме примете го нашето топло добредојде и уживајте во вашето винско патување.

wine pic 1_edited.png

Зоран Соколовиќ, Претседател

Почитувани пријатели,

 

Најнапред, дозволете ми да Ви посакам срдечно добредојде на нашиот WEB портал. Порталот е одлично место на кое можеме да се дружиме, да прочитате квалитетни информации, да се рекламирате, да видите и да бидете видени.

 

Се зафативме со мојот тим, повеќевековната богата винска приказна на малото, но прекрасно гратче Демир Капија, преку нашето здружение „КРАЛСКИ ВИНСКИ БАЛ - Демир Капија“, квалитетно да ја спакуваме и да ви ја раскажеме.

 

Во современиот дел од приказната стои дека, благодарение на кралската династија Караѓорѓевиќ, демиркапиското вино се консумирало на сите кралски дворови во Европа, уште во 1928 година. Во Демир Капија е изградена првата современа визба на Балканот, со капацитет од 150.000,00 литри вино, која постои и работи и денес.

 

Меѓународниот вински фестивал „КРАЛСКИ ВИНСКИ БАЛ - ДЕМИР КАПИЈА“ го подготвуваме  за месец септември 2023 година. Подготвуваме богат пакет на содржини, за сечиј вкус и возраст. Уверени сме дека дружењето и забавата ќе бидат врвни, и ќе се паметат.

 

Чест ми е и задоволство, да Ве поканам да бидете дел од првиот Меѓународен вински фестивал „КРАЛСКИ ВИНСКИ БАЛ - ДЕМИР КАПИЈА“, и дел од винската приказна. Повелете да се дружиме и да уживаме во квалитетните вина од Македонија и регионот и во специјалитетите на извонредната демиркаписка и македонска кујна.

 

На 2ри и 3ти септември 2023 година, сите патишта нека ве водат во Демир Капија.

 

Срдечен поздрав.

Image by Tim Mossholder
No upcoming events at the moment
Image by John Murzaku

Наши поддржувачи

Адреса

ул. „11ти Октомври“ бр. 10А

1442 Демир Капија

Република Северна Македонија

Телефон

+389 (0)75 718 501

Email

Поврзете се со нас

  • Facebook
  • Instagram
  • LinkedIn
  • Youtube
Оценете не
Не го сакам оваНе е доброДоброОдличноГо обожавам ова
bottom of page